Опис
Моментално и сигурно запечатување на пукнатини – Трајна заштита од губење антифриз
Протекувањето на разладната течност може да предизвика брзо прегревање на моторот и сериозни механички оштетувања. Winso Radiator Leak Stop е специјално конструиран итен и превентивен адитив кој нуди брзо и долготрајно решение за овој проблем, без потреба од скапи поправки или замена на ладилникот.
Благодарение на напредната “Heavy Duty” формула, кога средството ќе дојде во контакт со кислород на местото на пукнатината, неговите полимерни микро-честички се активираат и формираат цврст, еластичен и траен заштитен слој. Средството делува исклучително паметно – се активира само на местата каде што има истекување, што значи дека останува целосно течно во разладниот систем и не ги затнува каналите на ладилникот, термостатот или водната пумпа.
Главни предности на Winso Radiator Leak Stop:
-
Инстант дејство (Heavy Duty): Моментално ги запира сите протекувања на антифриз предизвикани од ситни пукнатини од удари од камчиња, порозност на материјалот или лабави споеви.
-
Комплетна заштита на разладниот круг: Ефикасно ги запечатува пукнатините во главниот ладилник, малиот ладилник за парно во кабината, блокот на моторот и околу дихтунгот на главата.
-
Антикорозивна заштита: Содржи специјални инхибитори кои го штитат разладниот систем од рѓа, оксидација и понатамошна корозија.
-
Максимална безбедност: Целосно безбеден за сите видови материјали – не ги оштетува гумените црева, пластичните компоненти, алуминиумските, бакарните или челичните ладилници.
-
Универзална компатибилност: Одлично се меша со сите класични и модерни видови антифриз (G11, G12, G12+, G13) и е соодветен за бензински, дизел и ЛПГ мотори.
Упатство за правилна употреба:
-
Една боца од 325ml е наменета за разладни системи со капацитет до 10-12 литри.
-
Пред употреба, добро протресете ја боцата за да се изедначат активните честички.
-
Додадете ја содржината директно во ладилникот или во експанзиониот сад (Внимание: Моторот мора да биде исклучен и претходно подоладен за да се избегнат изгореници од притисокот при отворање на капачето!).
-
Доколку нивото на антифриз е ниско, дополнете го системот до ознаката за максимум.
-
Вклучете го парното греење во кабината на максимално топло.
- Запалете го моторот и оставете го да работи во место (во лер) или возете го автомобилот околу 10–15 минути. За тоа време, средството ќе проциркулира и комплетно ќе ги затвори сите критични места.




