Опис
Овој автоматски мотач за електричен кабел обезбедува максимална заштита, организираност и постојан довод на струја за вашите машини за полирање, правосмукалки, индустриски фенови и рачен алат. Автоматскиот систем за намотување спречува газење, виткање и оштетување на каблите, додека работниот простор останува чист и максимално безбеден.
Главни карактеристики:
-
Автоматски систем за намотување (Auto-Rewind): Вградениот пружински механизам овозможува лесно извлекување на саканата должина и инстантно уредно враќање на кабелот со едно повлекување.
-
Механизам за заклучување на позиција: Кабелот може автоматски да се заклучи на секоја посакувана должина при работа.
-
Квалитетен бакарен кабел (3×1.5 mm²): Висококвалитетен, дебело изолиран кабел со должина од 12 метри, прилагоден за стабилна струјна моќност без падови на напон.
-
Робусно индустриско куќиште: Затворено, отпорно куќиште кое го штити кабелот од влага, прашина, механички удари и агресивна деталинг хемија.
-
Флексибилна монтажа на ѕид или таван: Металниот носач овозможува стабилно фиксирање со ротација лево-десно за непречено следење на движењето на работникот низ просторот.
-
Вграден стопер: Гумен граничник (стопер) што ја фиксира посакуваната надворешна должина на приклучокот за секогаш лесен дофат.




