Опис
Моќна сува пена со вградена четка за брзо, безбедно и длабинско чистење на кабината
Чистењето на внатрешноста на автомобилот бара средство кое ќе ги отстрани дамките од ткаенините и пластиката, но без прекумерно да ги натопи површините, што е особено критично за тапацирот на покривот (небото) или кожните елементи. Winso Interior Foam Cleaner нуди идеално решение – неговата аеросол формула генерира богата, концентрирана „сува“ пена која се задржува на површината и активно ја извлекува нечистотијата од длабочината на влакната нанадвор.
Најголемата практичност на овој производ доаѓа од неговото мултифункционално капаче, кое во себе има интегрирано детелјинг четка со ергономски влакна. Со неа можете веднаш да ја протриете пената во порите на пластиката или во ткаенината, со што целосно се елиминира потребата од дополнителни алати и микрофибер крпи во првата фаза на чистењето. Покрај тоа, средството успешно ги неутрализира непријатните миризби (тутун, влага, миленичиња) и остава долготраен пријатен свеж мирис.
Главни предности:
-
Суво чистење без натопување: Идеално за чистење на автомобилското небо (спречува одлепување на ткаенината) и за деликатни седишта со греачи.
-
Вградена детелјинг четка на капачето: Овозможува прецизно механичко триење и полесно отстранување на засушените кал, храна и масни флеки.
-
Универзален APC ефект: Совршено безбеден и еднакво ефикасен за текстил, велур, мебл, винил, еко-кожа, теписи, како и за сите пластични површини и командни табли.
-
Обнова на фабричкиот изглед: Ги освежува боите на текстилот и ѝ го враќа оригиналниот мат финиш на избледената пластика, без да остава лепливи или мрсни траги.
Упатство за правилна употреба:
-
Пред употреба, добро протресете го спрејот.
-
Напрскајте ја пената рамномерно врз површината што сакате да ја исчистите.
-
Оставете ја активната пена да делува околу 30–60 секунди за да ја разгради нечистотијата.
-
За потешки и запечени дамки, со кружни движења нежно протријте ја површината со помош на четката на капачето.
-
Подигнатата нечистотија и остатоците од пената темелно пребришете ги со чиста, сува микрофибер крпа.
-
Доколку е потребно, за екстремно стари дамки, повторете ја постапката уште еднаш.




