Опис
Ефикасно отстранување тврдокорни дамки без оштетување на површините
Iridium Interior Scrubbing Sponge Pad претставува современа замена за традиционалните детелјинг четки за кожа и пластика. Благодарение на ергономскиот правоаголен облик и иновативната двострана технологија, овој пад овозможува брза, рамномерна покриеност и лесен пристап до тесни рабови и шевови во ентериерот.
Двострана функционалност:
-
Бела скраб страна (Bristle-like microfibers): Цврсти, специјално ткаени најлонски микро-влакненца кои длабинско навлегуваат во текстурата на материјалите и механички ја подигнуваат застарената нечистотија, никотински наслаги и маснотии.
-
Сива микрофибер страна: Мека површина за абсорпција која веднаш ја суши површината и го собира вишокот средство за чистење.
Главни карактеристики:
-
Does not scratch (Безбеден за материјали): Специјално формулиран да не го оштетува фабричкиот заштитен слој на кожата или текстурата на пластиката.
-
Lift dirt with ease: Потребен е значително помал притисок и помала количина на хемикалија за да се добие фабрички мат финиш.
-
Ергономско сунѓересто јадро: Удобно лежи во раката, рамномерно го распоредува притисокот и лесно се цеди.
Препорачана примена:
-
Кожни седишта и кожни облоги на врати
-
Пластични контролни табли, конзоли и прагови
-
Винилни и текстилни тапацири
Упатство за употреба и одржување:
-
Нанесете соодветно средство за чистење ентериер (APC или чистач за кожа) директно на белата страна од падот или на површината.
-
Нежно тријте со кружни или праволиниски движења додека се создаде лесна пена и се подигне нечистотијата.
-
Свртете го падот на сивата микрофибер страна (или искористете чиста микрофибер крпа) за да ја пребришете површината.
-
По употреба, исплакнете го темелно под млаз топла вода. Доколку се пере во машина, користете температура до 40°C исклучиво со детергент за микрофибер, без омекнувач.




