Опис
Максимална контрола и прецизност при нанесување заштитни премази
Iridium MWSA Microfiber Applicator сунѓерите се неопходен алат за секој детелјер кој бара рамномерна распределба на производите врз површината. Внатрешното меко сунѓересто јадро овозможува удобен стисок и спречува прекумерно впивање на производот внатре, додека надворешната микрофибер обвивка овозможува мазно лизгање без капење или гребење.
Главни карактеристики:
-
Висококвалитетен микрофибер: Нежен кон лакот, чувствителната кожа и внатрешната пластика.
-
Практична ергономска форма (13x8x3 cm): Идеална димензија за совршена контрола во раката и пристап до свиоци и тесни површини.
-
Двостран дизајн (сина/сива): Овозможува лесно распределување на различни производи или користење на едната страна за нанесување, а другата за фино рамнење.
-
Lint-free финиш: Не остава влакна ниту траги при работа.
Препорачана намена:
-
Нанесување течни и пастозни восоци (waxes) и полимерни силанти (sealants).
-
Рамна апликација на креми и лосиони за чистење и хидратација на кожни седишта.
-
Нанесување дресинг за надворешни и внатрешни пластики и гуми.
Одржување:
-
Се перат рачно со топла вода или во машина до 40°C исклучиво со течен детергент за микрофибер.
-
Да не се користи омекнувач или белило.
-
Сушење природно на воздух.




