Опис
Професионален квалитет за безбеден финиш без оштетувања
Изработени по германски стандарди за квалитет, Iridium Ultra Soft микрофибер крпите нудат супериорна мекост и апсорпција благодарение на оптималната густина од 400 GSM. Нивните ултра-фини влакна ефикасно ја заробуваат нечистотијата длабоко во структурата, оневозможувајќи триење на честичките од лакот.
Препорачана намена:
-
Бришење на заштити: Совршени за нанесување и финално бришење на восок (wax), керамички премази (ceramic coatings) и брзи детелјери (quick detailers).
-
Отстранување полир пасти: Ефикасно и лесно собирање на абразивни остатоци по грубо или фино полирање.
-
Чистење на ентериер и екстериер: Безбедни за употреба на пијано-црна пластика, стакла, навигациски екрани и кожа.
Одржување: Перење во машина на максимална температура до 40°C исклучиво со течен детергент за микрофибер, без употреба на омекнувач или белило. Сушење на воздух.






