Опис
Длабинска моќ на чистење (pH 11) за беспрекорен и освежен ентериер
Професионалното средство Winso Detex е сеопфатно решение дизајнирано да ја врати фабричката чистина во внатрешноста на секое возило. Со својата избалансирана алкална вредност од pH 11, овој концентрат делува моќно врз нечистотиите, но е нежен кон материјалите, овозможувајќи безбедно отстранување на најтешките дамки без ризик од избледување на боите или оштетување на текстурата.
Покрај супериорното чистење, активните компоненти во Winso Detex ги блокираат и неутрализираат непријатните мириси на тутун, влага или миленичиња кои се таложат во ткаенините, оставајќи пријатна свежина во кабината.
Главни предности:
Универзално 3-во-1 дејство: Еднакво ефикасно чисти текстилни седишта, подни теписи, небо (тапацир), пластични командни табли и пластични лајсни на вратите.
Идеално за длабинско перење: Совршено се прилагодува за работа со професионални екстрактори (машини за длабинско), бидејќи има контролирано пенење коe лесно се исплакнува.
Обнова на боите: Хемиски ги освежува влакната на текстилот, враќајќи им ја првобитната заситеност на боите.
Економичен концентрат: Големиот сооднос на разредување нуди исклучително низок трошок по работен циклус.
Упатство за разредување и употреба:
Разредување:
За редовно чистење и лесни нечистотии (пластика, кожа, лајсни): разредете со вода во сооднос од 1:10 до 1:20.
За тешки дамки и рачно чистење текстил: разредете во сооднос од 1:5 до 1:10.
За машинско длабинско перење (екстракција): разредете во сооднос од 1:10 до 1:15.
Нанесување: Напрскајте го разредениот раствор врз површината (или нанесете го преку четка/сунѓер за да избегнете прекумерно натопување на небото или деликатните делови).
Чистење: Почекајте 1-2 минути да делува, па со мека детелјинг четка или сунѓер тријте со кружни движења за да ја подигнете нечистотијата од порите.
Бришење/Плакнење: Подигнатата нечистотија соберете ја со чиста и влажна микрофибер крпа, или извлечете ја со правосмукалка за длабинско перење. Оставете ја површината целосно да се исуши.





